Новата сезона во украинското фудбалско првенство ќе почне на 23 август, но без присуство на навивачи, а стадионите ќе бидат опремени со засолништа во случај на воздушна опасност, објави украинскиот министер за спорт Вадим Гутсаит.
Во Украина не е одигран ниту еден фудбалски натпревар откако Русија на 24 февруари почна воена операција во земјата.
Во својата објава на Фејсбук, Гутсаит најави дека домашното првенство ќе стартува на 23 август кога се слави Денот на државното знаме на Украина.
Многу е важно во Украина да продолжи да се игра фудбал, како и другите национални првенства. Продолжуваме да се натпреваруваме и навиваме. Продолжуваме да се бориме и победуваме. Украинскиот спорт ќе ја заслужи победата на сите фронтови и ништо не може да го спречи во напредокот – објави Гутсаит.
Украинското фудбалско првенство ќе се игра пред празни трибини, под строги безбедносни мерки.
Во близина на стадионите ќе има засолништа во случај на воздушна опасност, опремени според сите стандарди. Значи, доколку дојде до воздушна опасност, натпреварот се прекинува, а сите ќе можат брзо и безбедносно да се засолнат – порача украинскиот министер за спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.