Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му врачила отказ на селекторот Боби Милевски, објави порталот „Спорт 1“.

Одлуката доаѓа по речиси еден месец од највисокиот пораз во историјата на нашата фудбалска репрезентација, 7-0 од Англија на Олд Трафорд.

Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот, „пишува Спорт 1“.

Најдобриот резултат на Македонија под водство на Милевски беше победата над Италија во Палермо, потоа следуваа низа лоши и неубедливи игри кои кулминираа со поразот на Олд Трафорд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.