– Нерешено 2:2 одиграа селекциите на Аргентина и Мароко во првиот натпревар од групата „Б“ на олимпискиот фудбалски турнир.

„Гаучосите“ заостануваа со 2:0 на средината на вториот дел кога Софијане Рахими го отвори резултатот на „Жофроа Гишар“ во судиското надополнување на првото полувреме, пред да постигне гол од белата точка во 51. минута.

Замената Џулијано Симеоне врати еден гол за тимот предводен од Хавиер Маскерано во 68. минута.

Судијата пак досуди 15 минути дополнително во вториот дел, а Аргентинците израмнија во 106. минута преку Кристијан Медина.

Пред да ја испрати топката во мрежата, таа двапати ја погоди стативата.

Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко.

Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување.

Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право.

Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1.

 

Селекторот на олимписката репрезентација на Аргентина Хавиер Маскерано беше, во најмала рака, бесен по случувањата.

-Ова е најголемиот циркус што сум го видел во мојот живот. Денес седум пати влегуваа на теренот, ни фрлаа петарди. Ни кажаа дека заврши 2:2. Дури и Мароко не сакаше да игра, изјави Маскерано.

А потоа откри дека вчера крадци упаднале во соблекувалната на Аргентина.

-Вчера упаднаа во нашите простории, на Алмада му ги украдоа работите! Бараат да бидеме акредитирани за се, а потоа се случуваат такви работи, додаде легендарниот халф на Барселона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.