На Островот пишуваат за љубовта која произлезе од машкиот и женскиот тим на Астон Вила, а парот ги потврди шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период.

Фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз и за многумина, најубавата фудбалерка во светот, Алиша Леман, која пак е член на женскиот состав на таа екипа, ја потврдија својата врска преку социјалните мрежи.

Те сакам“ беа зборовите кои парот ги објави на социјалните мрежи, објавувајќи ја истата фотографија.

Леман претходно беше во врска со фудбалерката на Челси, Рамона Бакман, која исто настапува за швајцарскиот национален состав во женска конкуренција, а кога сме веќе кај Луиз, за него се верува дека неименуван клуб од Премиерлигата доставил понуда од 30 милиони фунти за неговите услуги, меѓутоа истата била одбиена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.