Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги почести фудбалерите на каталонскиот клуб со хамбургери во еден од париските ресторани како награда за победата во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ (3:2).

Како што објави денеска шпанскиот весник АС, Лапорта по натпреварот одигран во вторникот во Париз лично се поздравил со секој од играчите и ги почестил со хамбургери.

Барселона триумфираше над ПСЖ со 3-2, а двоен стрелец беше Бразилецот Рафиња.

Реваншот во Барселона е идниот вторник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.