Двајца фудбалери на македонскиот прволигаш Струга Трим Лумна дело ја покажаа својата хумана страна. Зија Мерџани и Дарко Илиевски, спасија куче кое за малку ќе се удавеше од студените води на Дрим.

Кучето паднало во реката и десетина минути се борело да излезе од брзата вода, а конечно двајцата фудбалери, со помош на кондицискиот тренер Стефан Мечкаровси, успеаја да го дофатат исплашеното куче и да го извлечат на брегот.

Со таквиот храбара потег, двајцата фудбалери собраа многу пофалби на социјалните мрежи.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.