Македонскиот фудбалер Дарко Алексовски привлече големо внимание поради неговиот прекар Пеле по легендарниот бразилски играч, а зад тоа се крие необична приказна.
Фудбалерот на Вардар Неготино во разговор со „М-Нет.мк“ раскажа дека прекарот Пеле всушност го наследил од неговиот татко, а истиот го вметнал и во презимињата на неговите синови чии имиња се Нејмар и Габриел.
„Мојот татко бил аматер, но бил многу атрактивен фудбалер, а во тоа време актуелен играч бил Пеле. Останатите почнале да го нарекуваат Пеле. И јас сум атрактивен и интересен фудбалер, па прекарот го добивам од мојот дедо и татко. И тој мој прекар го ставив на моите два сина. Моите синови се Нејмар и Габриел Благојчевски, односно Нејмар Пеле Благојчевски и Габриел Пеле Благојчевски. Не сакам да згасне таа традиција. Сакам да продолжи лозата. Пеле е кралот на фудбалот“, вели Алексовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.