Френк Лампард вторпат во тренерската кариера се враќа во лондонски Челзи каде што како фудбалер остави длабока трага. Лампард доаѓа на клупата на „сините“ како привремено решение, а ќе го предводи премиерлигашот до крајот на оваа сезона.

Лампард во минатото мина 19 месеци на клупата на Челзи, пред да добие отказ во јануари 2021 година.

Пресреќни сме што повторно на Френк можеме да му посакаме добредојде на Стемфорд Бриџ. Френк е член на Куќата на славни на Премиер лигата и клупска легенда“, порачаа челниците на Челзи, Тод Бојли и Бехдад Егбали, во заедничко соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.