Славниот бразилски фудбалски клуб Флуминенсе, првпат во својата долга историја, го освои трофејот во Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на европската Лига на шампионите.
Во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Женеиро, популарните „триколори“ го совладаа аргентинскиот гигант Бока Јуниорс 2:1, дури по продолженијата.
Бразилскиот тим поведе во 36 минута со голот на Аргентинецот Герман Кано, а Бока израмни преку Луис Адвинкула во 72 минута.
Во деветтата минута од продолженијата, финалето го одлучи Џон Кенеди, кој натпреварот го почна од клупата за резерви, а при прославувањето на голот доби втор жолт картон затоа што во еуфорија скокна на трибината за да го прослави голот со најверните навивачи на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.