Избраниците на Марко Арсовски полесно од очекувањата го добија натпреварот од 1/4-финалето против екипата на Ла Масиа, која ја поразија убедливо со резултат 4:0.

Младите надежи од ФК Кул имаа целосна контрола на играта во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваа на пласманот на најдобрите четири екипи од цела Македонија.

Пред да го отвориме резултатот свои обиди имаа Матеј Ивановски, како и Филип Дукоски, додека после една мешаница во голманскиот простор на охриѓани, Јован Гиевски беше играчот кој го отвори резулатот на 1:0, кој беше актуелен на полувреме. Во овој дел од натпреварот свој обид имаше и Марио Стојчевски, кој голманот на Ла Масиа го одбрани.

Во вториот дел целосно ја разбивме противничата екипа. После нафрлена топка од корнер на Крчаноски, водство од 2:0 со глава ни донесе Матеј Ивановски кој ја заби топката во мрежата. Не застанавме тука и покрај солидното водство, продолживме да го напаѓаме голот на противникот. Таквата игра ни донесе и нови голови, Јован Гиевски со својот втор погодок зголеми на 3:0, додека конечните 4:0 беа дело на Игор Трпковски, велат од клубот.

Полуфиналето се игра утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.