ФИФА ја отфрли жалбата поднесена од Чиле и потврди дека репрезентацијата на Еквадор останува меѓу учесниците на Мундијалот во Катар коешто ќе се игра во ноември и декември.
Чилеанската фудбалска федерација минатиот месец соопшти оти поседува докази дека Еквадор во јужноамериканските квалификации, наводно, користел играчи, кои не ги исполнуваат условите.
Во жалбата на Чиле поднесена ФИФА се наведува дека еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастиљо е роден во колумбискиот град Тумака во 1995 година, а не во градот Генерал Виљамил Плајас во Еквадор, во 1998 година, како што стои во негови официјални документи.
По анализа на доставените акти од сите заинтересирани страни и разгледување на предочените елементи, дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја затвори постапката против Еквадорскиот фудбалски сојуз – се наведува во соопштението на ФИФА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.