УЕФА најави дека ќе испрати препорака до ФИФА го користи следниот формат за квалификации за 16-те европски селекции кои треба да учествуваат на следниот Мундијал кој ќе биде прв со 48 репрезентации.
За место на Мундијалот, Македонија ќе треба да помине низ две фази од квалификации, прво групна, па потоа плеј-оф.
Во групната фаза нема да има промени, ќе се игра во традиционалниот формат (дома-гости), а репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи со четири или пет селекции. Планирано е натпреварите да се играат помеѓу март и ноември 2025 година.
Сите победници од групите ќе се изборат за директен пласман на Светското првенство во 2026, додека 12 второпласирани репрезентации ќе одат во плеј-оф кој е закажан за март 2026 година, во него ќе има 16 репрезентации.
Покрај второпласираните од групите во овој плеј-оф, место ќе добијат и четирите најдобри селекции и победници во групите од Лигата на нации на УЕФА од сезоната 2024/2025 (ако не ја завршиле квалификациската група на прво или второ место).
Во плеј-офот ќе се играат полуфиналња со еден натпревар, проследени со финалиња. Сите 16 репрезентации во плеј-офот ќе бидат подредени во четири плеј-оф патеки каде што ќе има четири репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.