Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше за финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити – Интер (1:0), кое се одржа синоќа во Истанбул.

– Би сакал да му честитам на тимот на Манчестер сити за победата во финалето на Лигата на шампионите, еден од најголемите спортски настани во светот, што се одржа во Истанбул, зеницата во окото на Турција и колевката на цивилизациите, на „Олимпискиот стадион Ататурк“. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои уште еднаш го потврдија гостопримството на Турција и придонесоа за непречено и успешно организирање на овој голем настан, напиша Ердоган на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.