Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, се осврна на натпреварот од 19. коло на Премиер лигата против Манчестер јунајтед. Неговиот тим загуби со 3:2, иако по еден час игра водеше со 2:0.

– Тоа беа фантастични 60 минути, фантастични. Го контролиравме натпреварот и одигравме многу добро. По првото полувреме во соблекувалната рековме дека ако постигнат еден гол може да се случи кам-бек. Се боревме многу добро, но не издржавме. Тие за 20 минути постигнаа три гола. Ова беше нивниот најдобар период. Манчестер јунајтед се многу добар тим со одлични играчи. Мора да се помириме со поразот и сега единствена цел ми е да ја започнам успешно втората полусезона против Барнли в сабота, изјави Емери за „BBC“.

Со поразот од Јунајтед заврши серијата без пораз на Астон вила од седум натпревари (5 победи и 2 нерешени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.