Фудбалската репрезентација на Македонија ја дочека Летонија во петтото коло од Лигата на нациите, но на самиот старт од натпреварот се случи незгода за македонскиот тим. На повреда се пожали Ељиф Елмас.
Фудбалерот на Лајпциг во 24. минута ја исфрли топката во аут збунувајќи ги присутните, а потоа сигнализира кон клупата дека не може да продолжи.
Елмас не беше во некој остар дуел, па нејасно е од каква природа е повредата. На негово место селекторот Милевски го пушти Лирим Ќамили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.