Во интервју за „ДАЗН“, македонскиот интернационалец и репрезентативец Елиф Eлмас дава неколку интересни факти за неговото детство, во кое како што вели самиот сериозно му се посветил на образованието, што е и нормално се додека не станало јасно дека ќе стане професионален фудбалер на највисоко можно ниво.
„Морав да учам и реодвно да ги пишувам домашните задачи. Мајка ми ми велеше дека не смеам да излезам од мојата соба се додека не научам се што ми е дадено како задача. Дури и кога имаше Лига на Шампиони. Моето семејство води бизнис и постојано се размислуваше на работата. Затоа татко ми речиси и да не гледаше фудбал. Сега е поинаку. Семејството е тука со мене“ – рече Елмас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.