Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас нема да може да ѝ помогне на селекцијата задутре вечер во Палермо против европскиот првак Италија, поради суспензија за жолти картони, но младиот фудбалер на Наполи, ветува спектакл ако „црвено-жолтите“ напишат историја и се пласираат на првото свое Светско првенство, во Катар на крајот на годинава.
Секогаш кога ќе бидам повикан за репрезентацијата на Македонија, едвај чекам, со срце, да дојдам да играм. Дај боже да се пласираме, со задоволство и без никаков проблем ќе направам торта. Ако треба на плоштад ќе направам торта – само да се пласираме на Светско првенство“, вели Елмас за УЕФА ТВ.
Македонскиот „дијамант“ има семеен бизнис со познатата слаткарница Мандарина во скопска Автокоманда, па веќе го знае бизнисот.
Секогаш се трудам да научам, гледам, зашто занаетот е многу важен и некогаш ќе ти (за)треба во животот, вели Елмас.
За УЕФА ТВ говоди новиот лидер на репрезентацијата и селекторот Благоја Милевски, кој во август лани седна на кормилото и ја презема палката од Игор Ангеловски, после првиот голем успех на Македонија со пласманот на Еуро 2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.