Поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон вчеравечер е назначен за нов тренер на премиерлигашот Вотфорд како замена за Италијанецот Клаудио Раниери, кој беше отпуштен во понеделникот поради слаби резултати.

Хоџсон ќе има задача да обезбеди опстанок со Вотфорд, кој во моментов е на претпоследното место во Премиер лигата, со 14 бодови.

– На поранешниот англиски селектор ќе му се приклучи неговиот долгогодишен соработник и човек од доверба Левингтон. Хоџсон и Левингтон веднаш започнуваат со подготовките за следниот натпревар во
Премиер лигата, на гостувањето кај Барнли на 5 февруари, соопшти Вотфорд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.