Деновиве главна тема е Новак Ѓоковиќ и забраната да учествува на Австралија опен на неколку дена пред почетокот на турнирот

Постарите љубители на спортот сигурно ќе се сетат дека слична ситуација имаше со фудбалската репрезентација на Југославија на Европското првенство во Шведска во 1992 година.

Тоа беше година на веќе почнати војни во Југославија и фудбалерите од Словенија и Хрватска веќе не учествуваа. Но тука беа двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдовски.

Југословенските фудбалери веќе беа во Шведска и се подготуваа за првиот меч кога стигна одлуката на Советот за безбедност на ОН дека се воведуваат санкции кои важат и за спортистите.

Тоа беше една од најдобрите репрезентации во Европа во тој момент и сигурно ќе станеше европски шампион. Место Југославија допатува Данска која го освои првото место,
Како најголеми криминалци фудбалерите на Југославија и стручниот штаб биле донесени на аеродромот во Стокхолм и качени во авион без доволно керозин и пилотот не бил сигурен дали безбедно ќе слета во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.