Поранешниот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Белгија, објави новинарот Саша Таволиери.
Триесет и двегодишниот Белгиец има опција да се пресели во екипата на Молебенк, каде што веќе настапува неговиот помлад брат, Килијан. Доколку Еден Азар одлучи таму да продолжи со кариерата, тогаш финансиските услови од договорот ќе бидат споредни.
Минатата сезона тимот на Молебенк го зазеде првото место во втората најсилна белгиска дивизија и се пласираше во про-лигата.
Претходно беше објавено дека Азар размислува за пензија.
Реал Мадрид на почетокот на јуни објави раскин на договорот со Азар. Крилниот напаѓач играше за Реал Мадрид од 2019 година. Во сезоната 2022/23 забележа 10 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и две асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.