Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко може да добие отказ, објави на Твитер италијанскиот новинар и добар познавач на италијанскито фудбал Николо Шира.
Според Шира, Украинецот би можело да биде отпуштен во следните неколку часа. Раководството на клубот во многу скоро време ќе одлучи за судбината на Шевченко.
Оваа информација ја потврдува и сајтот на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
По вчерашниот пораз од Специја (0:1) на домашен терен, клубот за кој настапува Горан Пандев останува во зоната за испаѓање. Тимот има 12 бодови и се наоѓа на 19. место.
Под водство на 45-годишниот Шевченко, Џенова нема ниту една победа во првенството. На девет средби во Серија А има три нерешени и шест порази. Единствената победа ја забележа во Купот на Италија над Салернитана (1:0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.