Капитенот на Арсенал и еден од најдобрите играчи на швајцарската репрезентација Гранит Џака пред Мундијалот во Катар призна дека жали за срамниот потег што го направи пред четири години на натпреварот против Србија.

Тој изјави дека победата над Србија не требало да ја слави со прикажување на двоглав орел.

На мечот со Србија се помина добро, освен орелот, не требаше да го сторам тоа, изјави Џака во интервју за швајцарски Блик.

 

Блик пишува дека „емоциите на Џака се разбирливи, бидејќи неговиот татко Рагип три години бил политички затвореник на Србите“.

“Она низ што помина татко ми е нешто што не би го посакале никому. До денес знам само половина од оваа страшна приказна. Кога имав 20 години сакав да го знам секој детал. Прашував и прашував додека татко ми не си замина затоа што веќе не можеше. Сега знам дека морам да бидам внимателен. Беше лошо време за него“, рече Џака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.