Премиерлигашот Ливерпул ги разгледува понудите кои на неговата адреса пристигнаа од саудискиот прволигаш Ал Итифак за услугите на Џордан Хендерсон и Фабињо, јавија англиските медиуми.
Според тие извори, саудискиот клуб понудил 40 милиони фунти за услугите на англискиот репрезентативец Хендерсон, додека, засега, нема детали колку би чинел евентуалниот трансфер на Бразилецот Фабињо.
Хендерсон и Фабињо во моментов се надвор од тимот на Ливерпул и не отпатуваа со екипата на стартот на подготовките за новата сезона во Германија.
Ал Итифак ова лето веќе направи сензационален трансфер засилувајќи ги своите редови со Французинот Карим Бензема од Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.