Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се осврна на играта на Ерлинг Халанд во синоќешната победа над Нотингем форест (6:0) во 5. коло од англиската Премиер лига.
На оваа средба хет-трик постигна напаѓачот Ерлин Халанд.
– Денес се беше добро. Благодарение на талентот на нашите напаѓачи, тоа беше навистина добар натпревар. Знам дека Ерлинг е среќен што постигнува голови, но сака да победува. Ако собори рекорди, а ние не победиме, нема да биде среќен. Халанд е силен во сите аспекти, но особено во шеснаесетникот, изјави Гвардиола, за Би-би-си.
Манчестер сити освои 13 бода и се зацврсти на второто место во Премиер лигата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.