Професионалниот фудбалски клуб со седиште во Дубаи – ТФА Елит доаѓа во Македонија и ќе организира дводневни проби за млади и талентирани играчи на 4 и 5 август кои ќе се одржат на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Њукасл, Дени Гатри го најави настанот и отворено говореше за пробите што ги организира клубот на неколку континенти ширум светот, а пријавувањето е веќе во тек и заинтересираните играчи може да се пријават и дознаат повеќе информации на следниот линк.
Би ги советувал играчите од Македонија или од каде и да се, да истражат и дознаат повеќе за клубот, проектот итн. бидејќи слушаме секакви приказни за измами во фудбал и тоа е одвратно. Но, ТФА Елит веќе има долга историја со проекти како овој кои се успешни и клубот е доследен на своите зборови и ветувања, без разлика дали станува збор за датуми, место или за победниците кои доаѓаат (во Дубаи) и добиваат професионални договори, вели Гатри, кој има забележано 103 настапи во англиската Премиер Лига
Англичанецот по завршувањето на играчката кариера влезе во тренерските води и сега е перспективен тренер кој го предводеше првиот тим на ТФА Елит во Обединетите Арапски Емирати минатата сезона.
Тој нема да биде присутен на пробите во Прилеп, пристугнува стручниот штаб на ТФА Елит предводен од спортскиот директор, Али Ел Џиши и тренерот Фуад Хафид кои ќе изберат минимум еден, а најмногу три талентирани фудбалери кои како победници од пробите ќе отпатуваат на 30 дневна проба во метрополата на ОАЕ.
ТФА Елит постигна договор за соработка со поранешниот двократен шампион на Македонија, ФК Победа и клубовите заедно ќе ги организираат фудбалските проби и ќе работат на идентификување и развој на млади македонски играчи, а партнерството е опишано како „мост за соработка помеѓу ФК Победа, ТФА Елит, Македонија, Дубаи и остатокот од светот“, а клубот од Дубаи е отворен за соработка и со други македонски клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.