Енис Барди беше стрелец во последната победа на Македонија над Летонија од 0-2 во квалификациите за ЕП 2020, токуму во Рига. Сега верува дека колективот ќе не однесе до нова победа во групата денеска.

„Одговорноста е кај секој од нас за овие натпревари, иако секако многумина очекуваат од мене да го понесам тимот. Подготвен сум како и секогаш да бидам во функција на тимот. Но, ние сме колектив а не поединци и така ќе се однесуваме и утре атакувајќи на трите бода против Летонија“ – истакна Барди на прес-конференцијата во Рига.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.