Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со оптимизам го очекува реваншот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со победа на шпанскиот претставник со 2:1.
– Работиме напорно и остваривме значајни резултати сезонава. Пораснавме во фудбалскиот свет. Треба да играме и да не размислувате премногу. Имам добро чувство дека моите избраници ќе одиграат одличен натпревар. Нè очекува добра вечер во Лигата на шампионите. Имаме собрано многу искуство од вакви натпревари. Кој ќе успее да биде подобар, ќе продолжи понатаму, изјави Симеоне.
Натпреварот помеѓу Борусија и Атлетико Мадрид ќе се одигра во Дортмунд вечер со почеток во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.