Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи официјално поранешниот играч на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ, за нов тренер. Србинот потпиша договор до јуни 2023 година, со опција за продолжување на соработката за уште 12 месеци.
Станковиќ (44) до неодамна беше на тренерското место на Црвена звезда, од каде замина во август по неуспехот да му обезбеди место во белградскиот клуб во Лигата на шампионите.
Станковиќ имаше забележителна играчка кариера во Серија А, освојувајќи шест шампионски титули со Интер, како и трофејот во Лигата на шампионите во 2010 година.
Сампдорија во неделата му врачи отказ на Марко Џампаоло по поразот од Монца со 0-3, што го остави клубот од Џенова на последното место на табелата со само два бодови од осум натпревари.
Станковиќ ќе дебитира на клупската на Сампдорија в сабота на гостински терен против Болоња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.