Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, има неделна плата во англискиот клуб од околу еден милион евра, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Според весникот, норвешкиот репрезентативец, покрај неделната плата, неделно заработува и добри гарантирани бонуси за одиграни натпревари и постигнати голови.

Поради таквите бонуси, Норвежанецот за една година во дресот на „граѓаните“ ќе заработи околу 51 милиони евра.

Халанд дојде во Манчестер сити во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд за околу 60 милиони евра.

Во својата дебитантска сезона во Манчестер сити, Халанд на досегашните 12 натпревари во сите конкуренции постигна 19 голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.