Дебито на Португалецот Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср ќе се случи на 21 јануари кога во рамки на 14. коло од фудбалското првенство на Саудиска Арабија, неговиот нов клуб ќе игра против Ал Етифак,во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. 

Роналдо пред два дена беше прмоворан како ново засилување на саудискиот прволигаш, а навивачите на Ал Наср очекуваа португалскиот напаѓач да дебитира на денешниот првенствен натпревар против Ал Тае.

Меѓутоа, Роналдо, според правилата на ФИФА, ќе мора да пропушти два натпревари за својот нов клуб поради суепснецијата која му ја изрече Манчестер јунајтед во врска со инцидентот кога напуштајќи го теренот по натпреварот со Евертон, скрши мобилен телефон на дете со аутизам.

Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува околу 200 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.