Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин на прес-конференција доби необично прашање. До микрофонот дојде швајцарскиот стенд-ап комичар Јозо Брика и го праша Јакин „дали Швајцарија конечно е доволно албанска?“, што го збуни селекторот на оваа репрезентација.

Причина беа големиот број фудбалери кои по потекло се од Албанија, а Јакин во својот одговор го спомена и Косово.

– Албанскиот во еден момент ќе стане петти национален јазик во Швајцарија – рече тој со иронична насмевка на лицето, а потоа додаде:

– Не правам никакви разлики. Пораснав и во средина со различни националности. Во сегашната генерација имаме добри играчи кои доаѓаат од Албанија и Косово. Во мојата тренерска кариера отсекогаш сум имал различни култури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.