Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти би можел да го преземе Бразил во летото 2023 година. Според „UOL sporte“, раководството на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) разговарало со Анчелоти и селекторот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола уште пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Сепак, Шпанецот не беше заинтересиран за соработка со бразилската репрезентација, додека италијанскиот стручњак беше отворен за понуди, но рече дека може да ја води бразилската репрезентација само од јуни 2023 година, бидејќи планира да ја заврши тековната сезона како тренер на Реал Мадрид.

Се истакнува дека раководството на ЦБФ ќе треба да назначи привремен селектор на националниот тим, бидејќи во март 2023 година ќе започнат квалификациите за следното Светско првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Досегашниот селектор 61-годишниот Тите најави оставка по поразот од Хрватска (1:1, 2:4 по пенали) во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година во Катар.

Тој го водеше тимот од 2016 година.

Анчелоти го презеде Реал Мадрид во летото 2021 година и стана првиот тренер во историјата кој ги освоил петте најсилни национални првенства во Европа.

Во текот на кариерата тој ги водеше и Челзи, Баерн, Милан и ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.