Фудбалерот од средниот ред на германската репрезентација и на Баерн Минхен Џамал ​​Мусиала реагираше на споредбата со напаѓачот на аргентинската репрезентација и ПСЖ Лионел Меси.

– Споредбите со Лео се голема гордост за мене. Меси во текот на кариерата настапува на највисоко ниво. Многу ми е тешко да се споредувам со него. Сакам да се фокусирам на тоа да станам уште подобар, изјави играчот од средниот ред на Баерн и Германија.

Мусијала оваа сезона одигра 22 натпревара за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 10 асистенции.

Деветнаесетгодишниот фудбалер отиде на Светското првенство во 2022 година како дел од германската репрезентација.

Германците на Мундијалот во Катар се најдоа во групата Е со Јапонија, Костарика и Шпанија. Во првиот ќе се сретнат со Јапонија утре, 23 ноември во 14часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.