Кристијано Роналдо e официјално најпопуларната личност на Инстаграм, со најмногу следачи. Тој, имено, е прв кој собра 500 милиони луѓе во таа своја листа.

Овој фудбалер, всушност, има 124 милиони повеќе следбеници од Леонел Меси, кого го следат 376 милиони луѓе. А пак, третата најследена личност на Инстаграм, Кајли Џенер има 372 милиони следбеници. Роналдо до круглата бројка стигна благодарение на фотографијата со Меси што ја објави пред два дена и која за краток период собра 37 милиони лајкови.

Инаку, ѕвездата на Манчестер јунајтед, од своја страна, следи нешто повеќе од 500 профили на Инстаграм.

Според проценките, Роналдо заработува околу 2,3 милиони долари по платена објава на оваа платформа. Фудбалерот често ги рекламира фирмите со кои има договори и своите брендови, а објавува и семејни фотографии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.