Поранешниот француски капитен и голман Уго Лорис смета дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе заслужува да биде нов капитен на националниот тим. На 9 јануари 36-годишниот голман се повлече од француската репрезентација.
– Играч како Рафаел Варан може да ја добие капитенската лента. Но, има играч кој напредува и на теренот и надвор од него и е лидер во соблекувалната. А тоа е Килијан Мбапе. Тој може да одигра нова улога во тимот, а тоа му е потребно на нашиот тим. Но, каков и да е изборот на новиот капитен, ние целосно ќе го поддржиме, изјави Лорис за „ТФ1“.
На последното Светско првенство во Катар, 24-годишниот Мбапе одигра седум натпревари за француската репрезентација, постигна осум гола и стана најдобар стрелец на СП 2022 година. Вкупно за репрезентацијата настапи на 66 натпревари и постигна 36 голови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.