Килијан Мбапе наскоро би можел да добие од ПСЖ огромен бонус за лојалност кон клубот.
Според „RMC Sport3, францускиот клуб ќе треба да му плати на играчот дел од бонусот за лојалност доколку тој е играч на ПСЖ на крајот на јули.
Висината на првиот дел од бонусот за лојалност, пропишан во договорот на Мбапе со Пари Сен-Жермен изнесува 40 милиони евра. До крајот на јули треба да ги добие овие пари доколку дотогаш е париски играч.
Во ПСЖ бе се многу среќни поради ова. Веројатно со исплатата на овој бонус е поврзана изјавата на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи за иднината на Мбапе. Вчера тој рече дека Килијан „треба да донесе одлука најмалку две недели однапред“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.