Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга изрази мислење дека „кралскиот клуб“ секогаш е фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

– Лигата на шампионите е сосема поинаков турнир. Секој сака да го освои овој турнир. Тој е исто така пократок од Ла Лига. Нивото е исто така повисоко. Реал секогаш е фаворит на овој турнир, рече Камавинга, цитиран од AC.

Реал последен пат ја освои Лигата на шампионите во 2022 година, победувајќи го Ливерпул со 1:0 во решавачкиот натпревар.

Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и РБ Лајпциг ќе се одигра во среда, на 6 март. Во првиот натпревар, „белите“ го победија својот противник на гости со 1:0. дс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.