Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино ги искажа впечатоците по синоќешниот реванш против Мидлсброу (6:1) во полуфиналето на англискиот Лига куп.

Во првиот натпревар Челзи загуби (0:1). По резултатите од две средби, лондонци се пласираа во финалето на Лига купот.

– Ова е неверојатно достигнување и е наша цел од самиот почеток. Без да играме во европските натпреварувања, откако изградивме тим речиси од нула, нашата цел беше да бидеме на „Вембли“ во февруари – и таа работа е завршена. Треба да почнеме да го препознаваме и да му оддаваме признание на тимот. Ова е многу важно за клубот, за нас и за процесот на градење на нов тим. Многу сакам да го освојам трофејот. Ќе бидеме на насловните страници, изјави Покетино за „Football.London“.

Противник на Челзи во финалето на турнирот ќе биде победникот од пресметката помеѓу Ливерпул и Фулам. Првиот натпревар го доби Ливерпул со 2:1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.