Челси почна да размислува за летни трансфери. Клубот идентификуваше дури 11 играчи со кои „сините“ може да се раздели во текот на летниот преоден рок, пренесе „Фудбал Лондон“

Меѓу оние кои ќе се заминат играчот од средниот ред Конор Галагер и напаѓачот Армандо Броја, кој од втората полусезона е на позајмица во Фулам.

Главната цел на Челси е да собере пари од продажбата на играчи за да купи нови. Лондончани планираат и намалување на платите.

По 30 кола во Премиер лигата, Челзи е на 9. место со 44 бодови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.