Тренерот на Барселона, Чави е уверен дека неговито тим оваа сезона ќе се бори за трофеи.

Во финалето на шпанскиот Суперкуп Каталонците синоќа загубија од Реал Мадрид (1:4).

– Не покажавме што се бара од нас во финалето. Многу лут и разочаран, но како навивач на Барселона, не како тренер. Доживеав многу тешки порази, но претстои цела сезона, а има уште три титули. Ќе се вратиме, сигурен сум. Ние веќе го направивме ова, освоивме титули под мое водство. Ова е многу тежок пораз и треба да им се извиниме на навивачите. Минатата сезона го докажавме нашето ниво, а сега се соочуваме со критики. Треба да се рестартираме и да се бориме за трите преостанати трофеи, изјави тренерот на Барселона.

Барселона ќе се обиде да дојде до трофеј во шпанската Ла Лига, во шпанскиот Куп и во Лигата на шампионите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.