Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона го продолжи договорот со својот тренер тренерот Чави Ернандез (43) до лето 2025 година.

Доколку и натамошната соработка биде успешна, во договорот има клаузула за продолжување за уште една година.

Чави седна на клупата на каталонскиот клуб во кој остави траен белег како фудбалер на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени, а претрпе 19 порази.

Минатата сезона Чави и ја донесе шпанската титула на Барселона по пауза од четири години и го освои Суперкупот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.