Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, по вчерашниот натпревар против Гирона, изјави дека го загрижува како неговата екипа оваа сезона ќе ја освои титулата, објавија денеска шпанските медиуми.
Фудбалерите на Барселона и Гирона ремизираа без голови во рамки на 28 коло во Ла Лига, а каталонскиот тим на десет кола до крајот на сезоната има 13 бодови предност пред актуелниот шампион Реал Мадрид.
– Не ме загрижуваат Левандовски и неговите промашувања. Ме загрижува како ќе ја освоиме титулата. Игравме добро против Гирона. Не бевме успешни пред нивниот гол, но мислам дека заслуживме повеќе од бод, изјави Чави.
Тој додаде дека Барселона има 13 бодови предност, но остануваат уште десет натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.