Бугарската пропаганда во Македонија не запира. По присвојувањето на Илинденското востание и Свети Кирил и Методиј, сега на ред дојде и спортот.

Бугарската фондација на контроверзниот Виктор Стојанов најави дека ќе регистрираат бугарски фудбалски клуб наречен ФК Вардар – бугарски, како македонскиот најтрофеен и најпознат клуб.

Тие веќе се пофалија со логото на клубот кое е исто како на Вардар но со бугарското знаме. Уште бараат и финансиски средства и клуб кој ќе го земат и ќе почнат со играње во третата или четвртата лига.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.