Да, можам да кажам дека веќе имаме тим! Процесот е тежок бидејќи не можам да одам во Македонија, испраќам луѓе кои ги водат преговорите, го фотографираат стадионот, се среќаваат со играчите, управата и тренерот. Имаме уште една средба следната недела. Законски, следната недела во тимското здружение ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а досегашниот директор ќе стане заменик директор. Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма,откри Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“.
Со ова само се потврдија сомневањата дека Бугари сакаат да влезат во македонскиот фудбал откако не им успеа намерата да го купат ФК Вардар.
Тој не сака а го открие клубот но вели дека се наоѓа близу границата со Македонија.
Намерно нема да го кажам името на тимот, но е од третата лига исток, а седиштето на тимот е блиску до бугарската граница. Причината е лиценцирањето, не сакам да смислат нешто и да го избркаат од Трета лига и нашите напори да одат во отпад. Не дека и после тоа не можат, но ќе биде многу тешко и скандалозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.