Бруно Фернандеш, ѕвездата на Манчестер јунајтед и добриот пријател на македонскиот капитен Стефан Ристовски вечерва ни го урна мундијалскиот сон со двата гола за победата на Португалија со 2-0 и пласман на „европските Бразилци“ на Светското првенство во Катар.
Фернандеш, кој ни даде по еден гол во двете полувремиња, немилосрдно казнувајќи ги двете наши големи грешки, посочи дека овој меч ќе му остане во вечно сеќавање, најмногу зашто ја однесе Португалија на Мундијалот, шести по ред за поранешниот европски првак.
Овој меч ќе ми остане во сеќавање, зашто отидовме на Светско првенство. Ова беше многу важен меч, неверојатна атмосфера, спектакуларна… Ова беше одговор на постојаните критики кон нас, а одговорот е дека ние продолжуваме да остваруваме важни резултати и ан најдобар начин да ја презентираме нашата земја и нашиот народ. Најмногу што сакам е кога Португалија победува, небитно кој ќе даде гол. Не сме битни ни јас, ни Кристијано – Португалија е битна. Обично јас му асистирам, тој дава голови, но вечерва беше обратно – рече Бруно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.