Европската фудбалска федерација го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина за примитивното однесување на навивачите  на натпреварот од Лигата на нации со Романија, одигран на 7 јуни на Билино Поље во Зеница (1:0).

Според медиумите во БиХ, навивачите на репрезентацијата извикувале „цигани, цигани“ навредувајќи ја малата група романски приврзаници кои биле оддалечени десетина метри од нив на истата трибина, а им се приклучиле и поединци од другите трибини на  Стадионот Билино Поље.

Делегатот на европската куќа на фудбалот, секако, во записникот го внесе ваквото однесување и стигна експресната казна за федерацијата БиХ.

Така, за следниот домашен натпревар, на истиот стадион ќе биде затворен дел од трибината на кој ќе треба да биде поставен транспарент со порака „Не на расизмот“. Следниот натпревар на БиХ го игра против Финска, со намален капацитет од 1.500, поради споменатата казна на УЕФА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.