Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација, Карим Бензема, денеска се огласи во јавноста и ги остави во неизвесност, навивачите на Кралевите.
Изминатите неколку дена, Бензема беше во центарот на вниманието на фудбалската јавност, медиумите пишуваа дека наводно Бензема налето ќе си замине од Реал Мадрид и ќе ја прифати богатата понуда од шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Итихад.
Бензема на манифестацијата што ја организира весникот „Марка“, одговораше на прашањата на презентерот, а едно од нив беше за иднината на Французинот.
„Да кажам нешто за својата иднина? Зошто би рекол такво нешто? Луѓето зборуваат, но тоа е интернет. Дали ќе останам во Реал Мадрид? Засега сум тука, претстојниот викенд не очекува натпревар“, изјави Бензема и и остави навивачите на Кралевите во неизвесност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.