Францускиот фудбалер Карим Бензема денеска официјално стави потпис на тригодишен договор со саудискиот прволигаш Ал Итихад.
Според светските медиуми, довчерашниот напаѓач на Реал Мадрид од настапите во првенството на Саудиска Арабија ќе заработи 600 милиони евра, што неговиот договор во овој момент го прави најскап во историјата на светскиот фудбал.
Ал Итихад ќе биде само третиот клуб во кариерата на 35-годишниот Бензема, кој дебитираше во дресот на француски Лион, а го носеше дресот на Реал од 2009 година.
За мадридскиот клуб постигна 354 голови, со што е втор на вечната листа зад Кристијано Роналдо (450 голови).
Бензема, кој е актуелен освојувач на „Златната топка“, во дресот на Реал освои четири шпански титули, а пет пати ја освојуваше Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.