Големата ѕвезда на Ал-Итихад – Карим Бензема, зборуваше за претстојната сезона на неговиот тим.
Французинот не сакаше да се навраќа на минатата кампања, во која тимот заврши на петтото место во лигата и не освои ниту еден трофеј.
-Имам тензија од 8 години, таа растеше и се претвори во амбиција. Оваа сезона за мене нема тензија, туку амбиција. Не сакам да зборувам за минатата година, имаше многу проблеми, најважното е да се гледа напред“, рече Бензема пред „Канал+“.
Поранешниот француски репрезентативец тврди дека пристигнува „нова ера“ за тимот.
-Направив се што е во моја моќ за да го засилам овој тим. Ние сме во најдобра можна форма. Ми се допаѓа филозофијата на тренерот Марсело Гаљардо. Тој е многу близок со играчите, сподели францускиот напаѓач и поранешен фудбалер на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.