Францускиот напаѓач Карим Бензема, кој со хет-трик му донесе синоќа пласман на Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони, истакна дека „кралскиот клуб“ заслужено го елиминирал париски ПСЖ.

Францускиот клуб, кој победи на првиот натпревар со 1-0, водеше со вкупен резултат од 2-0 по еден час игра во Мадрид, пред Бензема да постигне три гола за само 17 минути и да слави победа пред своите гледачи од 3-1 (0-1).

– Беше навистина многу тежок натпревар, но ние притиснавме до самиот крај и ја заслуживме победата, изјави Бензема.

Пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампиони синоќа обезбеди и Манчестер сити, кој по триумфот на домашен терен од 5-0 над Спортинг, одигра без голови на реваншот во Лисабон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.